Search

Кривично се гонат уште три лица за железничката несреќа во Грција

Уште три лица вработени во грчката железница, се гонат кривично за несреќата со 57 загинати, објави онлајн изданието на весникот „Катимерини“.

Според истите информации покрената е постапка против инспекторот на железницата, поради тоа што го ставил ноќна смена сега веќе уапсениот шеф на станицата и уште двајца шефови на станицата во Лариса кои требало да бидат присутни до 23 часот, но си заминале порано. 

Тројцата, се товарат за нарушување на безбедноста на превозот, што е кривично дело казниво со казна затвор од десет години до доживотна казна, како и за убиство од небрежност.

Треба да знаете
Последни објави