Search

Вучиќ почнува со формирање на народно движење за зачувување на интересите на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го почнува формирањето народното движење и во наредниот период планира да ги посети сите делови на земјата, пренесува Танјуг. Како што беше речено, Вучиќ ќе побара поддршка од народот за одбрана на Србија и од сабота на 11 март ќе започне разговори со населението на југот на Србија, најверојатно во Врање.

Во моментите кога Србија е под притисок во однос на решавањето на прашањето за Косово и Метохија и воведувањето санкции против Русија, а од друга страна се соочува со западните закани кои можат да ја загрозат нејзината економија, претседателот Вучиќ се одлучил за „третиот пат“. Оваа идеја треба да се преточи во организација која ќе го претставува „третиот пат“, односно ќе ги собере сите оние кои среде глобалниот судир во Украина не се ниту за Исток ниту за Запад, туку пред се за интересите на Србија. 

Како што претходно пишуваше Нова.рс, во српските политички кругови веќе извесно време се шпекулира дека Вучиќ не само што ќе го напушти челото на Српската напредна странка, туку и ќе формира нова политичка партија или движење.

Иако ваквиот развој на настаните изгледаше неверојатен, Вучиќ претходно на прес-конференцијата најави формирање на нов политички блок на „пристојна и нормална Србија“, кој ќе биде и граѓански и национален.

Треба да знаете
Последни објави