Search

Авион на „Кроација ерлајнс“ полетал за Копенхаген, па набрзо се вратил во Загреб

Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој утрово во 8 часот и 45 минути полета за Копенхаген поради превентивни мерки се врати во Загреб. Портпаролот на „Кроација ерлајнс“, Давор Јанушиќ откри дека леталото било пренасочено назад кон аеродромот во Загреб како мерка на претпазливост.

„Рутинска процедура е да се вратат авионите доколку има некакви индикации за дефект и превентивно да се прегледаат. Во овој случај имало индикации за дефект на системот за ладење на инструментот, па затоа бил вратен назад и прегледан како мерка на претпазливост, иако се’ уште можел да лета без опасност“, рече тој, пренесе „24сата.хр“.

Во 10 часот и 40 минути авионот повторно полета и патниците веќе се на пат кон својата дестинација. Компанијата се извини за доцнењето.

Треба да знаете
Последни објави