Search

Потпишување договор за коридорите 8 и 10 д со конзорциумот „Бехтел и Енка“

Во Владата денеска ќе биде потпишан договорот за коридорите 8 и 10 д помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“.

На настанот по овој повод ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и генералниот директор за нискоградба „Бехтел“, Марк Алисон. 

Владата на вчерашната седница го одобри склучувањето на договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д.  Како што рече синоќа во телевизиско гостување првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, се работи за изградба на автопатишта од 110 километри, што ќе чини 1,3 милијарди евра или два милиони евра по километар.  

Треба да знаете
Последни објави