Search

Неколку улици во центарот на Скопје и Криви Дол денеска без вода

Корисниците на улиците „Пролет“, „Светозар Марковиќ“ и „Мирче Ацев“ во центарлниот дел на Скопје, денеска од 9 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради изведување на водоводен приклучок Ф150мм. на улица Пролет бб, јавува Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од претпријатието исто така известуваат дека во исто време прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на Криви Дол поради изведување на водоводен приклучок Ф6/4“. на улица Скупи 1А до Рибокомерц.

Изведувањата на водоводни приклучоци кои започнуваат во 9 часот ќе траат се до завршување на работните активности. 

Треба да знаете
Последни објави