Search

Стојаноски: Електра Солушн дел од Конзорциумот со ЕПТИСА добива лиценца за надзор сред постапка за поднесување на понуди за тендерот тежок 22 милиони евра

Се повеќе индиции говорат дека тендерот од 22 милиони евра е местен од страна на власта за Конзорциумот во чиј состав е ЕПТИСА, која е претходно  прогласена од истата влада дека работела незаконски, неетички и несоодветно.

Најновите документи кои дојдоа до нас говорат дека Електра Солушнс, на 30 годишниот Андон Ампов, која е составен дел од Конзорциумот која го добива тендерот од 22 милиони евра, добива лиценца за надзор во тек на постапката за избор на надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д.

Ова е Лиценцата која Министерството за транспорт и врски и ја издава на Електра Солушн на ден 03.10.2022 година, што е 3 недели откако е распишан јавниот повик за избор на надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д.

Овој документ говори дека во периодот кога јавниот повик бил распишан Електра Солушн немала лиценца за надзор и истата лиценцата ја добива на само 2 недели пред истекот на првичниот рок за доставување на понудите, кој бил на 17.10.2022 година, рок кој што на 10.10.2022 година е продолжен за нови 8 дена.

Дали Електра Солушн ја вади лиценцата со цел да учествува токму на јавниот повик за избор на надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д? Дали рокот е продолжен за да може да се формира конзорциумот на ЕПТИСА и Електра Солушн? Дали со продолжување на рокот за поднесување на понуди власта им овозможува на Конзорциумот ЕПТИСА – Електра Солушн да достават понуди?

Со изборот на Конзорциумот ЕПТИСА – Електра Солушн, надзорот ќе го вршат фирма загубар, како ЕПТИСА и фирма која лиценцата за надзор ја добива во тек на огласот.

И не само што Електра Солушн добива лиценца во тек на постапката за поднесување на понуди, туку и истата, односно нејзиниот сопственик и управител Андон Ампов, се именувани да го претставуваат Конзорциумот.

30 годишниот Ампов од Електра Солушн, која добива лиценца во тек на постапка, и кои немаат никакво искуство во работење со проект од тој обем, е избран за претставник на Конзорциум кој треба да врши надзор од 22 милиони евра, врз инфраструктурни проекти од над 1 милијарда евра.

Очигледно е дека има многу прашања на кои Бочварски и Ковачевски мора да почнат да даваат одговори, а ЈО да почне истрага пред воопшто да почне проектот, и пред можеби да бидат нанесени штети врз проектот и буџетот.

Треба да знаете
Последни објави