Search

Скопското обвинителство останува да го застапува обвинението против Марјан-Доказ

Вишото јавно обвинителство го одби барањето на одбраната на сопственикот на порталот „Доказ.мк“, Марјан Стаменковски да биде изземено од постапување скопското обвинителство. Образложението на одбраната беше дека дел од обвинителите и истражителите може да бидат оштетени во случајот.

Сепак, повисокото Обвинителство одлучуваше по ова барање и процени дека скопското обвинителство треба да остане да го застапува обвинението против Стаменковски.

Денешното судско рочиште против Стаменковски се одложи за в петок, поради барањето на одбрата на обвинетиот за изземање од предметот на скопското обвинителство. Почетокот на рочиштето беше зад затворени врати за да се заштитат сведоците односно оштетените од јавно изнесување на лични и интимни работи за нив и за нивното семејство.

Стаменковски кој е во притвор од 9 февруари е обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело како и злоупотреба на лични податоци.

.

Треба да знаете
Последни објави