Search

Објавена снимка од драма над Бостон: Совладан мажот кој се обиде да отвори врата во авион и да избоде човек

Маж од американската сојузна држава Масачусетс се обидел да ја отвори вратата на авионот за време на лет на релација Лос Анџелес – Бостон, а потоа со скршена метална лажица се обидел да прободе член на екипажот во вратот.

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот. На него се гледа дека Франциско Северо Торес (33) од Леоминстер е совладан со помош на патниците и уапсен на аеродромот во Бостон, кога авионот на „Јунајтед ерлајнс“ слетал на пистата.

Тој е обвинет за попречување на летот и обид за нанесување телесна повреда на член на екипажот со опасно оружје, пренесе „АП“.

Патниците го совладаа Торес, кој беше задржан од екипажот, а „Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека никој не е повреден во инцидентот.

Доколку биде прогласен за виновен, Торес може да биде осуден на доживотен затвор, наведува „АП“.

Треба да знаете
Последни објави