Search

На „пиштолџијата“ Морант му се заканува суспензија од 50 натпревари

НБА ѕвездата Џа Морант може да биде суспендиран на дури 50 натпревари доколку се покаже дека носел пиштол во тимскиот авион.

Најсилната лига на светот покрена истрага против најдобриот играч на Мемфис со цел да се утврди од каде го добил огненото оружје од видеото кое ги преплави социјалните мрежи.

Да потсетиме, на видеото се гледа како Морант држи пиштол во ноќен клуб. Поради ова, тој е казнет на неопределено време.

-Ако се докаже дека Морант имал пиштол во близина на тимот или во тимскиот авион, тоа е автоматска суспензија од 50 натпревари – пишува НБА новинарот Марк Стајн и додава:

Затоа НБА се обидува да ги утврди околностите кои доведоа до видеото на кое се гледа пиштолот во раката на Морант.

Бекот на Мемфис беше обвинет и дека неодамна удрил тинејџер за време на натпревар во неговото родно Тенеси. По тој инцидент, тој наводно ја напуштил својата куќа со пиштол на појасот, со раката на оружјето.

Сега се е на челниците на НБА лигата и лесно може да се случи еден од најдобрите светски кошаркари да биде подолго време надвор од терените.

Треба да знаете
Последни објави