Search

Најмалку 15 загинати и 200 повредени во експлозија во деловна зграда во Дака

Најмалку 15 лица загинаа денеска, а 200 други се повредени по експлозија во деловна зграда во главниот град на Бангладеш, Дака, соопштија претставници на службата за противпожарна заштита.

Експлозијата се случила во петкатница во близина на централната област Гулистан во Дака. 

Според Дин Мони Шарма, официјален претставник на службата за противпожарна заштита и службата за цивилна одбрана, се уште не се познати причините за експлозијата. Според полицијата, нема првични индиции за терористички напад.

„Повредените во експлозијата се пренесени на лекување во блиската болница во Медицинскиот колеџ во Дака“, изјави началникот на болницата, Назмул Хаке.

Експлозијата го скрши стаклениот ѕид на една од канцелариите сместени во зградата и предизвика штета на две соседни згради.

Спасувачките активности на местото на експлозијата продолжија. Снимката од локалната телевизија Канал 24 покажува дека спасувачите користат лампи за да бараат преживеани под урнатините. 

Од пожарникарната служба соопштија дека најмалку 11 пожарникарски тимови работат на местото на експлозијата во прометната област во Дака. 

Треба да знаете
Последни објави