Search

НАТО ги повика Турција и Унгарија што е можно поскоро да го ратификуваат пристапот на Шведска и Финска во Алијансата

 Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Турција и Унгарија што поскоро да го ратификуваат пристапувањето на Шведска и Финска кон пактот. – Ова е главна задача за мене и за НАТО, додаде тој.

Столтенбелг истакна дека Анкара и Будимпешта ги потпишале протоколите за членство на двете земји, при што се очекува унгарскиот парламент да ја одобри ратификацијата до крајот на март.

Според шефот на НАТО, напредок има и со Турција, откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган се согласи да ги продолжи разговорите со Хелсинки и Стокхолм. – Напредуваме, но останува уште работа, додаде тој.

По повод војната во Украина, генералниот секретар истакна дека Русија презема нови напади. – Мораме да одговориме со продолжување на воените испораки на Украина за таа да може да победи, потенцираше Столтенберг. 

Треба да знаете
Последни објави