Search

(Видео) Убиени двајца од четворицата киднапирани Американци во Мексико

Двајца од четворицата американски државјани киднапирани во Мексико се пронајдени живи, но останатите двајца се мртви, соопшти мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Тој изјави дека еден од преживеаните е повреден, пренесува ABC News.

Американските државјани во петокот со бело комбе со таблички од Северна Каролина преминале од Тексас во Матаморос, во североисточната мексиканска држава Тамаулипас, соопшти американската амбасада во Мексико Сити.

-Четворицата Американци отпатувале во Мексико на операцијата за затегнување на стомакот, се нашле во вкрстениот оган меѓу два картели, а дел од куршумите завршиле во возилото. Вооружените лица ги турнале американските државјани во друго возило и побегнале со нив.

Четворицата се идентификувани како Зиндел Браун, Ерик Џејмс Вилијамс и роднините Латавија Теј Мекги и Шејд Вудард.

Мајката на Латавија Мекги, Барбара Бурџис, изјави за „Еј-би-си“ дека нејзината ќерка отпатувала од Јужна Каролина во Мексико за медицинска козметичка процедура.

ФБИ претходно понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до киднаперите и апсење на инволвираните.

Треба да знаете
Последни објави