Search

Адеми потиша за Пекинг Гуан, ќе заработува 1,6 милиони евра по сезона

Аријан Адеми (31) и кинескиот Пекинг Гуан денеска и официјално потпишаа договор кој ќе стартува на 20 март.

Динамо ќе добие еден милион евра обештетување, а македонскиот репрезентативец следните три сезони ќе заработува по 1.650.000 евра, што според важечките кинески правила е максимум што играч во кинеската лига може да го добие.

Така, сега е јасно дека капитенот на сините по 11 години си заминува од Максимир, а Адеми треба да го одигра прошталниот меч за Динамо на 19 март кога Риека доаѓа во Загреб.

Ден подоцна Адеми ќе биде играч на Пекинг Гуан.

Треба да знаете
Последни објави