Search

Тренчевска на Фејсбук: Моите битки за поголема родова еднаквост

Денот повторно го завршив со младите! Со студентите од родови студии од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се сретнавме во Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање , напиша на Фејсбук, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Средбата под водство на Професорката Софија Арнаудова и Раководителката на секторот за еднакви можности, Светлана Цветковска беше во насока на меѓусебно запознавање преку активности но и запознавање на законската рамка и регулативи кои ги креира Министерството за труд и социјална политика со цел поголема родова еднаквост на територијата на целата држава.

Имав прилика да ја раскажам и мојата приказна и битките кои ги водев со цел поголема родова еднаквост во државата.

Младите со кои се сретнав беа навистина инспиративни, напиша Тренчевска.

Треба да знаете
Последни објави