Search

Торес и Фати се скараа кој да шутира пенал, Торес не погоди, а Чави објасни кој е виновен

Барселона минимално со 1:0 славеше над Валенсија, но малку фалеше каталонскиот гигант да киксира затоа што кога разликата е еден гол, секогаш ризокот е до крајот на мечот. Многу лесно можеше да се случи Барселона да има многу помирна завршница на „Камп ноу“ против Валенсија, но домаќините не погодија пенал во второто полувреме.

Феран Торес шутираше, но го утна целиот гол и топката заврши во гол-аут. Непосредно пред изведувањето на пеналот, Торес имаше конфликт со соиграчот Ансу Фати околу тоа кој треба да го шутира ударот од белата точка. Торес прв, па ја зеде топката, Фати се обиде да му ја одземе, но не успеа.

На крајот Торес шутираше и не погоди, но тренерот Чави Ернандес не го смета за виновник. Чави објасни дека Торес требало да го шутира пеналот и се чуди на реакцијата на Фати да се обиде да му ја одземе топката.

„Пред секој меч се договараме кој треба да шутира пенал ако има. Ние од тренерскиот тим одлучивме денеска пеналот да го шутира Торес. Ние сме тие кои одлучуваме и фудбалерите тоа многу добро го знаат“, откри тренерот Чави.

Барселона на овој меч не можеше да смета на Роберт Левандовски, Педри, Гави и Дембеле, кои сигурно ќе имаа предност во изведувањето на пеналот доколку беа на теренот.

За среќа на Барселона, ова промашување на Торес не се покажа како кобно, па каталонскиот гигант ги освои посакуваните три бода.

Треба да знаете
Последни објави