Search

Една жртва и шестмина исчезнати при превртување на тајвански рибарски брод во Јапонија

Во тек е истрага за да се лоцираат шест лица кои исчезнаа откако тајвански рибарски брод потона во близина на Јапонија вчера напладне, пренесе денеска агенцијата Анадолија.

Официјални лица од Јапонија и Тајван соопштија дека на јапонскиот брод „Хсин Чанг Фа“ имало седум лица, од кои еден Тајванец и шест Индонезијци.

Едно тело е извлечено ова утро, објави „Фокус Тајван“.

Несреќата се случила северно од јапонскиот остров Ишигаки во префектурата Окинава на југот од земјата, во близина на спорните острови Сенкаку во Источнокинеското море.

Хеликоптер на Јапонската крајбрежна стража вчера напладне воочил брод како „наопаку плута на 150 километри северно од јапонскиот остров Ишигаки“.

Тимови од Крајбрежната стража на Тајван и Јапонија ги бараат исчезнатите членови на екипажот на рибарскиот брод кој на 27 февруари испловил од рибарското пристаниште „Бадоузи“ во Килунг, во северниот дел на Тајван, информира Анадолија.

Треба да знаете
Последни објави