Search

Двајца загинати во престрелка во Старата чаршија во Скопје

Двојното убиство се случило во близина на кафе барот „Шиша бар“. Во близина на кафулето биле убиени две лица, а според засега непотврдени информации се работело за лица добро познати на криминалното подземје.

Од МВР засега нема информации, а единствено потврдуваат дека имало пукање во скопската чаршија, но без детали, а во тек е увид на местото. Блокирани се приодите кон кафулето каде има голем број полицајци.

Неофицијално, ранети се уште две лица, а во четворицата било пукано со “калашников”.

Не е познато дали жртвите биле нападнати или имало престрелка со убијците.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави