Search

Во Иран шестмина мажи осудени на смрт за вооружени напади

Иранското правосудство осуди на смрт шестмина обвинети поради тоа што биле дел од „терористичка група“ која извршила напади на југозападот на земјата од 2017 до 2019 година, соопшти денеска Агенцијата за правосудство на земјата.

„Шестмина членови на терористичката група Харакат ал Нидал се осудени на смрт во судот во Ахваз, откако беа прогласени за виновни за вооружени операции во провинцијата Кузестан“, соопшти агенцијата.

Групата е обвинета за убиство на четири лица меѓу март 2017 и март 2019 година, вклучително и еден војник и двајца членови на Басиџ, исламистички волонтерски корпус.

Според организациите за човекови права, вклучително и Амнести интернешнал, Иран егзекутира повеќе осуденици од која било друга земја освен Кина. 

Треба да знаете
Последни објави