Search

(Видео) Дончиќ го промаши клучниот шут, па за малку ќе се степаше

Далас маверикс на свој терен загуби од Феникс санс со 126:130, во меч кој беше решен во последната секунда. Ова беше важен меч за двата тима кои се борат за место во плејофот. Феникс со овој триумф стигна до 36 победи во 65 меча, а Далас остана на 33 победи во 65 дуели.

Во текот на мечот двата тима се менуваа во водство, па некако нормално делуваше победникот да се решава во последните моменти. При резултат 126:126, Кевин Дурант погоди за гостите кои поведоа со 128:126.

Во последниот напад на Далас, Дончиќ ја имаше топката, шутираше од близина, но промаши и потоа веднаш направи фаул над Дурант. Изнервираниот Дончиќ потоа влезе во конфликт со Девин Букер, но за среќа, тој вербален дуел не прерасна во посериозна пресметка.

На крајот, Дурант со 37 поени и Букер со 36 беа предводници на Сонцата до победата, а Дончиќ со 34 и Ирвинг со 30 поени беа најефикасни кај домашниот тим.

Треба да знаете
Последни објави