(Видео) Барселона и со десет играчи ги освои бодовите од пресметката со Валенсија

Лидерот во шпанската фудбалска Ла Лига, екипата на Барселона во 24. коло оствари нов триумф на „Камп Ноу“ ја совлада Валенсија (1:0). Стрелец на победничкиот гол беше Рафиња.

Каталонците не блескаа, меѓутоа на крајот ја остварија целта да ги освојата трите бода. Сега имаат десет бода повеќе во однос на второпласираниот Реал Мадрид кој вечерва му гостува на Бетис.

Барселона за овој дуел ги немаше на располагање Левандовски, Гави, Дембеле, Педри, но и тренерот Чави Ернандез кој поради казна не беше присутен крај аут линија. Барса победничкиот погодок го постигна во 15 минута по одличната акција во режија на Бускетс и Рафиња.

https://twitter.com/i/status/1632404115333476352

По ова требаше да биде се полесно за фаворитот и за тоа имаше идеална прилика во 55 минута кога беше досуден пенал. Фати и Торес имаа препирка кој да го шутура ударот од 11 метри, вториот ја презема одговорноста и го промаши истиот.

Во 59 минута Кунде имаше лоша интервенција по која Араухо направи старт за кој доби директен црвен картон. Валенсија во продолжението се обидуваше јалово да го загрози голот на Тер Штеген, па остана овој резултат на семафорот.

Треба да знаете
Последни објави