Талески откажа, Пешевски и Танкоски неизвесни за двомечот со Португалија

Македонската ракометна репрезентација ќе биде значително ослабена за престојниот квалификациски двомеч со Португалија за пласман на Европското првенство во 2004 година. Филип Талески поради приватни причини нема да биде на располагање за двата дуели со Португалија, на 9 март во Скопје и три дена потоа во Порто. Селекторот Кирил Лазаров нема да смета ниту на Павле Атанасијевиќ за кого Пелистер побарал од РФМ да биде ослободен од обврските.

-Ќе имаме на располагање состав за репрезентацијата без неколку играчи. Талески ќе го прескокне овој двомеч, во договор со Ракометната федерација и со мене, од приватни причини. Ќе се врати за собирот на крајот од април против Луксембург и против Турција. Во последен момент откажување имаме од Павле Атанасиевиќ, кој веќе подолго време не е во ростерот на Пелистер поради повреда. Раководството на клубот испрати официјален мејл до РФМ, во којшто клубот извести дека Павле нема да биде во состојба да настапи, образложи селекторот Лазаров.

На повреди се жалат Жарко Пешевски и Марио Танкоски, кои беа присутни на денешниот собир, но дополнителните прегледи ќе покажат дали ќе можат да играат. Лазаров ќе повика нови играчи од поширокиот список, доколку Пешевски и Танкоски отпаднат. Никола Митревски е единствениот кој ќе доцни на подготовките, тој вечерва со Порто има натпревар од португалскиот шампионат. 

Македонската репрезентација веќе има две победи во кавлификациската група остварени против Турција и Луксембург, па со само уште една ќе го верификува пласманот на ЕП 2024.

Треба да знаете
Последни објави