Search

Нов кикс на Реал овојпат на гостувањето кај Бетис

Актуелниот шампион Реал Мадрид по вечерашното реми на гостувањето во Севилја кај Бетис (0:0) во рамките од 24-тото коло во шпанската фудбалска Ла Лига го губи чекорот во трката за одбрана на титулата. Од ремито на Реал најмногу профитира лидерот Барселона која сега има девет бодови предност пред „кралевите“, а Бетис е петти со 41 бод.

Бетис организирано се бранеше и го држеше Реал далеку од голот. Во 14-тата минута Бензема постигна гол, но беше поништен по реакција на ВАР.

Во првото полувреме освен спорната ситуација Реал не успеа да упати ниту еден удар во рамките од голот. Најдобрата прилика во натпреварот „кралевите“ ја имаа во 61-та минута кога Валверде врати повратна на петерецот, а Родриго шутираше над голот.

Одлични прилики имаше Реал во 75-та и 76-та минута. Прво Себаљос шутираше покрај стативата, за потоа обидот на Винисиус да го запре голманот Клаудио Браво.

Треба да знаете
Последни објави