Search

Легендарниот УФЦ борец Џон Џонс стана крал и на тешката категорија

Веројатно најдобриот УФЦ борец на сите времиња, Џон Џонс се врати во октагонот по тригодишна пауза овој пат во нова дивизија и за прв пат се бореше во тешка категорија.
Американецот ги отфрли сите сомнежи дека нема да се снајде, но стана нов крал на тешка категорија со победата над Французинот Сирил Гане во втората минута од натпреварот со гилотина.

Џонс неколку пати пред борбата изјави дека веќе се чувствува како победник, и дека нема шанси да не го земе новиот појас. Беше во право и со доминантниот настап го зацементира своето наследство во спортот.

Во интервју со Џо Роган по мечот, Џонс го предизвика на дуел поранешниот шампион, Стипе Миочиќ, што Американецот со хрватско потекло го прифати.

Џонс го презеде тронот од Камерунецот Френсис Нгано, кој лани го победи Гане во дуел во кој ја одбрани титулата по триумфот врз Миочиќ. Камерунецот не се договори со раководството на УФЦ за нов договор па повеќе не е член на оваа асоцијација па Џонс се бореше против Французинот.

Треба да знаете
Последни објави