Кјелини го постигна првиот гол во МЛС и го посвети на Давиде Астори

Лос Анџелес ја отвори новата МЛС сезона со победа над Портланд, а овој натпревар посебно ќе го памети Џорџо Кјелини.

Италијанскиот дефанзивец ја отвори својата втора сезона во САД со прв погодок во дресот на Ел-Еј, а со истиот го отвори резултатот и ја најави победата на својот тим.

Кјелини го постигна голот во 24. минута по една мешаница во противничкиот шеснаесетник и истиот го посвети на прерано починатиот Давиде Астори.
Вчера беа одбележани пет години откако тогашниот член на Фиорентина почина во сон и предизвика голем шок на италијанската фудбалска сцена.

Треба да знаете
Последни објави