Search

(Видео)Клоп по седмиот гол на Ливерпул сакаше да му додели „воспитна“ на навивач кој влета на теренот

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп, има само пофални зборови за играта и убедливата победа на неговите избраници во дербито на 26. коло во кое го на „Енфилд“ го растурија Манчестер јунјатед со 7:0. Симпатизерите ликуваа кога Фирмино го постигна седмиот гол за „црвените“. И тренерот Клоп не можеше да ја скрие насмевката на лицето, кај во миг му ја снема кога неодговорен гледач влета на теренот да слави со играчите на Ливерпул и притоа го повреди Енди Робертсон.

Обезбедувањето брзо реагираше, и го собори хулиганот, кој едвај куртули да не добие некоја „воспитна“ од Клоп, кој врескаше и гестикулираше сакајќи да му покаже каква глупост направил на штета на тимот за кој навива.

Сепак по кратко време, левиот бек на Ливерпул, Робертсон кој лежеше на теренот стана од тревата и продолжи да игра, иако долго време имаше болна гримаса од блиската средба со лудиот навивач.

Треба да знаете
Последни објави