Search

Македонската гордост Македон се сликаше со сребрениот медал од натпреварот „Математика без граници“

Осумгодишниот генијалец од Тетово Македон Димтровски се фотографираше со сребрениот медал добиен на годинешниот натпревар „Математика без граници“.

Владимир Димитровски, татко на математичкиот гениј, преку социјалните мрежи ги објави неговите фотографиите со медалот, како и фотографија од сертификатот за освоено второ место на натпреварот.

„Да ни се множат успесите“, напиша тој во својата објава.

Натпреварот „Математика без граници“ се одржа на 13-ти февруари.

Македон, досега на Македонија и донесе два златни медали по математика, а во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ доби и финансиска поддршка.

Треба да знаете
Последни објави