Search

Шефот на Вагнер му се обрати на Зеленски: Почитуван Володимир, остана само еден пат

Шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин објави ново видео на Телеграм во кое му се обраќа на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Пригожин тврди дека градот е практично опкружен. Тој му се обрати на Зеленски и побара да им даде шанса на вооружените сили да го напуштат Бахмут.

„Почитуван Володимир, единиците на Вагнер практично го опколија Бахмут, остана само еден пат. Обрачот се стега“, рече Пригожин.

„Ако порано професионалната украинска војска се бореше со нас, денес гледаме се повеќе старци и деца. Тие се борат, но нивниот живот во Бахмут е краток. Нека го напуштат градот. Градот е опколен“, рече Пригожин.

Треба да знаете
Последни објави