Search

Уште една тажна вест од Грција: Идентификувано телото на Анастасија од Кипар, која се наоѓала во третиот вагон

Семејството на Анастасија Адамиду (24) од Кипар, која исчезна по судар на воз во Грција, доби тажна вест – нивната ќерка загинала.

Од Солун со пријатели заминала во Бугарија за време на продолжениот викенд поради празниците. После тоа отишла во Атина каде присуствувала на дипломирањето на нејзината пријателка, но за жал решила да се врати во Солун со воз.

Откако возовите се судрија со Лариса во вторникот вечерта, нејзиното семејство упати апел за помош бидејќи оттогаш таа не се слушнала со никого. Анастасија била во третиот вагон на патничкиот воз.

Нејзиното семејство, кое живее во Пафос, Кипар, веднаш заминало за Грција, додека таткото на нејзиното момче бил пред болницата во Лариса со сликата на Анастасија во рацете, обидувајќи се да открие што се случило со неа.

За жал, нејзиното тело било идентификувано со помош на ДНК анализа, а нејзините родители биле информирани за нејзината смрт, пренесува Protothema.

Анастастија дипломирала стоматологија и била на постдипломски студии на АУТХ.

Треба да знаете
Последни објави