Search

Мицкоски, наместо во ОЈО, документите за можен криминал ги даде на новинарот на ЦИВИЛ Медиа

Преземено од Цивилмедиа.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини власта за тендерски криминал дека во 2021 година ја ангажирале фирмата ЕПТИСА за проектирање и надзор на градби во Република Северна Македонија, за железнички пруги и државни патишта, за која вели дека на 24 седница, одржана на 24 ноември 2020 година, Владата заклучи сите државни институции и општини кои реализираат капитални инвестиции поголеми од 1 милион евра, да не ја ангажираат шпанската фирма ЕПТИСА од причини што истата неетички, незаконски и несоодветно постапија како надзор во поглед на првата фаза од изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковце.

„Еве ќе му ги доставам, на кого треба да му ги доставам? На партискиот обвинител Ислам Абази, треба да ги доставам на Антикорупциска, на кого да ги доставам? Овие треба да одлучуваат за вашите 2 милијарди евра, вие треба да се задолжите, кредит да земете, вашите деца, вашите внуци, тие пари да ги плаќаат. Ова е Европа? Ако е ова анти ЕУ, тогаш јас мислам дека ЕУ се срами што овие и го злоупотребуваат името. Еве  нека видат, самите што правеле и како правеле“, заклучи Мицкоски.

На прашањето на новинарот на ЦИВИЛ Медиа дали документите ќе ги достави до обвинителство, Мицкоски додаде – „Еве вас ќе ви ги доставам, вие сте новинар, вие се грижите за јавниот интерес, повелете“.

Во интерес на јавноста, ЦИВИЛ во понеделник (06.032023) ќе ги достави документите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до Основното јавно обвинителство.

Мицкоски ја цитираше точката 74 која вели – „Владата ја разгледа информацијата за изградба на пруга Бељаковце – Крива Паланка“.

Ова е записник од Владата, од седница на Владата, таа е 24-та седница на Владата, 24 ноември 2020-та година, а вицепремиер е Артан Груби, а заменик министер за финансии е Димитар Ковачевски, а премиер е Зоран Заев“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан.

Според документите што ги приложи Мицкоски стои дека на 15 јули 2021 година се донесе „Закон за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп-Битола) во Р.С. Македонија“ за што сега како член на група понудувачи фирмата ЕПТИСА, е ангажирана во тендер тежок 22 милиони евра.

На 16.11.2021 година министерството за транспорт и врски ја надсинхронизира Владата и дава позитивна референца на истата компанија „Ептиса“. Одиме понатаму, се објавува тендер за надзор за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10А, автопатиштата. Краен рок за поднесување понуди е 17-ти октомври 2022 година во 11 часот.

Седум дена пред истекот на крајниот рок се менува тендерската документација и тоа се менува во делот за странски понудувач доколку не се издава извештај за биланс на состојба и податоци од биланс за успех 2019-та, 2020-та и 2021 година заверен од надлежен орган, тогаш се доставува копија од ревизорски извештај кои треба да бидат позитивни. Еве се брише ова за да бидат позитивни, а зошто? Затоа што компанијата има негативни во последните три години. Одиме понатаму, се продолжува рокот на 25.10 и замислете најповолен понудувач е конзорциумот „ИРД инженеринг“ здружено со „Ептиса“, изјави Мицкоски при денешната посета на Стајковци, каде присуствуваше на отворање на спортска сала.

Треба да знаете
Последни објави