Search

Медведев го „збриша“ Ѓоковиќ во полуфиналето во Дубаи

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ беше немоќен во полуфиналето на турнирот во Дубаи против Данил Медведев и загуби со 0-2 во сетови, односно 4-6 и 4-6. Рускиот тенисер му го нанесе првиот пораз на Србинот во 2023 година.

Дуелот беше израмнет во првите четири гема (2-2), по што Русинот направи два брејка со кои стигна до 4-2. Ѓоковиќ успеа да врати еден брејк и да намали на 4-5, но немаше сила за повеќе, па првиот сет му припадна на Медведев (6-4).

Ѓоковиќ имаше ужасен почеток на вториот сет бидејќи го загуби првиот гем на свој сервис, по што Медведев сервираше одлично и не му дозволи на Србинот ниту да се понадева на брејк, по што со 6-4 обезбеди финале.
Можеби таа приказна ќе беше поинаква доколку не беше поништена првичната одлука дека Медведев направи престап во шестиот гем од вториот сет.
Ѓоковиќ имаше дури 38 неизнудени грешки, за разлика од 12-те на Медведев.

Медведев е во извонредна форма, ги освои турнирите во Ротердам и Доха или поточно ова за него беше 13. триумф во низа и тоа против најдобриот на планетава. Русинот славеш со идентичен резултат во двата сета, односно со 6-4 и 6-4.

Медведев во финале ќе игра против сонародникот Андреј Рубљов, кој претходно беше подобар од Александер Зверев со 2-0 во сетови.

Треба да знаете
Последни објави