Search

Маж починал откако се заразил со амеба што го јаде мозокот

Маж од САД починал откако се заразил со амеба што го јаде мозокот, најверојатно откако го измил носот со загадена вода од чешма, објавија здравствените службеници. Министерството за здравство во Флорида во округот Шарлот ја потврди смртта но не даде детали за жртвата.

Инфекцијата со амебата „Naegleria fowleri “ е последица на плакнење на синусите, но сепак се истражува што точно се случило.

„Naegleria fowleri“ е едноставен организам лоциран во почвата и свежата вода ширум светот. Амебата влегува во телото преку носот, а потоа патува во мозокот, каде го уништува ткивото и предизвикува смртоносна инфекција која е скоро секогаш фатална, пренесува „Скај њуз“.

Повеќето луѓе се заразуваат преку пливање во топли езера или реки во текот на летото затоа што организмот сака топлина и најдобро расте при високи температури. Симптомите вклучуваат главоболка, треска, гадење, губење на рамнотежа, дезориентација, напади и вкочанетост на вратот. Надлежните имаат објавено и дека луѓето не можат да бидат заразени со вода за пиење од чешма но препорачуваат да користат дестилирана или стерилна вода за плакнење на синусите. Водата од чешма треба да се готви најмалку една минута и да се излади пред да се исплакне синусот, додаваат тие.

Ваквите инфекции се ретки и досега само три случаи беа потврдени во САД минатата година, според официјалните податоци.

Треба да знаете
Последни објави