Search

Качински: Нема преговори додека 20 отсто од Украина е под руска окупација

Лидерот на полската владејачка конзервативна партија Право и Правда, Јарослав Качински, предупреди дека не може да има мировни преговори се додека Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и дека поставувањето какви било услови за Украина значи само помагање на Русија.

„Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и Украинците не можат да прифатат таква загуба. Враќањето на териториите е услов за фер преговори. Се разбира, би било добро Русите едноставно да се повлечат и потоа да започнат преговорите. Но, веројатно на тоа не може да се смета и ќе биде неопходно да се вратат тие територии со оружје во рака“, рече Качински синоќа во интервју за полската државна радио и телевизија.Качински, кој во моментов не извршува никаква друга функција освен лидер на партија, но има поголемо влијание од премиерот и претседателот на државата, нагласи дека национален интерес на Полска е Украина да не биде поразена.

„Падот на Украина би бил огромна опасност за нас и во тој поглед треба да се направи се за таа да не биде поразена. Во границите на нашите можности и секако во соработка со нашите сојузници“, рече Качински.

Треба да знаете
Последни објави