Search

Загинат е подметнувачот на бомбата во судот во Подгорица, повредени се пет лица

Четириесетгодишниот Младен Булатовиќ загина во експлозијата на бомба во Подгорица, која според информациите од полицијата самиот ја подметнал. Повредени се пет лица.

„Во 11 часот и 35 минути добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени. Утврдивме дека загинал М.Б.(39) кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени кои се лекувале во Клиничкиот центар“, рече Срѓан Кораќ од полициската управа.

Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе.

На терен се екипите на Брзата помош, полицијата и противпожарната единица. Истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави