Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги остави граѓаните без леб треба да си ја собере својата екипа и да заминат, само така може да сопрат криминалните политики

Власта предводена од СДС и ДУИ се заборави од местење тендери и терање на криминални зделки, а народот го остави на страна и без леб!
За учениците нема учебници, ама во училиштата има дојави за бомби, или оваа власт е училиштен пример за тоа како не треба да се постапува.

Власта не успева да се организира буквално за ништо кога станува збор за граѓаните, организацијата им е добра само за тендери и бркање профити на поединци.

Граѓаните во меѓувреме страдаат. Криминалните политики на СДС и ДУИ ги уништуваат граѓаните, животниот стандард. Во Македонија инфлацијата руши рекорди, цените секој ден се се повисоки, реалната плата се намалува, пензиите исто така.
Ковачевски треба да си ја собере својата екипа и да заминат, само така може да сопрат криминалните политики.

Треба да знаете
Последни објави