ИН МЕМОРИАМ: Почина Филип Христов – Фичо

Македонскиот спорт денеска остана без уште еден свој голем вљубеник Филип Христов – Фичо, кого ненадејната смрт н а 66 годишна возраст претпладнево го затече како член на Натпреаврувачката комисија во Ракометната федерација. Како вљубеник во ракометот Христов целосно му се посвети на РК Металург и беше дел од раководната гарнитура на генерацијата која ги постигна најголемите клупски успеси на домашната и меѓународната сцена.

На негова иницијатива поранешниот женски клуб РК Скопје, се фузира со новоформираниот Металург и започнува приказната и за женскиот тим од Автокоманда.

Повозрасните вљубеници во спортот Христов ќе го паметат и како еден од пионерите на традиционалните турнири во мал фудбал во Скопје кои ги организираа весникот „Вечер“ и туристичката аганција „Авиотурс“.

Треба да знаете
Последни објави