Search

Информација од Регионалните центри за управување со кризи за состојбите и настаните во земјава

ИНФОРМАЦИЈА за состојбите и настаните во Република Северна Македонија за периoдот од 08:30 часот на ден 01.03.2023 г. до 08:30 часот на ден 02.03.2023 г.

Информацијата е изработена според добиените писмени информации од Регионалните центри за управување со кризи, како и информациите од други субјекти кои учествуваат во системот за управување со кризи, во кои се наведуваат состојбите во областите за кои се надлежни.

1. ЕЛЕМЕНТАРНИ И ДРУГИ НЕПОГОДИ

1.1.Земјотреси

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 28.02.2023 година регистрираше земјотрес 184 km југозападно од Скопје кој потекнува од соседна Република Албанија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 18 часот и 43 минути со Рихтерова локална магнитуда ML4.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во западниот и северозападниот дел од Републиката.

1.2. Пожари

РЦУК –Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Велес, во која се наведува дека од 01.53 до 03:48 часот со 7 пожарникари и 2 ПП возила интервенирале на запалена опожарена цистерна на Автопат Велес – Скопје по патарината.

РЦУК – Охрид, известува дека ТППЕ Кичево,од 23.10 до 01:30 часот со 1 ппв и 4 пожарникари интервенирале на запален таван од куќа на ул. Браќа Миладиновци.

РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Тетово во изминатото деноноќие имала една помала интервенција.

2. ТЕХНИЧКО – ТЕХНОЛОШКИ КАТАСТРОФИ

2.1. Радиолошка, хемиска или биолошка контаминација и загадување на воздухот, водотеците и човековата околина

Од Министерството за животна средина добиено е известување во коe се наведува дека надминувања на среднодневната гранична вредност за РМ 10 [50 mg/m3] за деновите 28.02.2023 година бележат на следните мерни места:

концентрациите се изразени во mg/m3

3. НАРУШУВАЊЕ НА РЕДОВНИТЕ СОСТОЈБИ ВО КОМУНАЛНАТА СФЕРА, СООБРАЌАЈОТ И ПРИ ПРОБЛЕМИ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ЖИВОТНИ НАМИРНИЦИ И МАТЕРИЈАЛНИ ДОБРА

3.1. Водоснабдување

РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од ЈП Водовод и Канализација –Скопје, во која се наведува дека во текот на изминатото деноноќие ги бележат следните интервенции: поради промена на затварач ф80мм и воздушен вентил ф80мм на улица Петко Јанчевски 62, со прекинато водоснабдување од 09:00 до 14:00 часот имале дел од корисниците на улицата Петко Јанчевски.(општина Бутел); Поради уличен Бул. Македонско – косовска Бригада бр.8 поради дефект во шахта , во периодот од 09.15 до 11.15 часот, без вода останаа дел од бул.Македонско – Коосвска Бригада.(општина Аеродром); Поради уличен дефект ф-100 мм на ул. 1/ бб Студеничани (во близина на општината), во период од 10:10 до 14:30 часот, прекинато водоснабдување имале корисниците од улиците бр. 1 и 2 во с.Студеничани. (општина Студеничани); Поради двоење во шахта на Евтим Спространов 5, прекинато водоснабдување од 11:00 до 12:30 часот имале корисниците од населба 11ти Октомври (бараки). (општина Кисела Вода)

На ден 02.03.2023 година ( четврток ) поради дефект на приклучна цевка Ф-80мм на ул.Мајаковски 7 во Центар, прекинато водоснабдување од 09:00 часот до санирање на дефектот.ќе имаат корисниците на дел од улица Мајаковски. (општина Центар)

РЦУК – Велес, ја пренесува информацијата од ЈКП Дервен во која се наведува дека во период од 11.15 до 13.30 часот имало прекин на водоснабдување на ул. Лазо Осмаков, Љубљанска и Пајак Планина заради дефект на водоводната мрежа(опш. Велес )

РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од ЈП „Водовод и канализација Прилеп, во која се наведува дека во период од 07.00 до 14.00 часот имало прекин на водоснабдување на улиците: Александар Македонски, Орде Чопела (кај Окта), Димитрие Чупоски, Марко Цепенков и Пенка Котеска.

РЦУК – Куманово, ја пренесува информацијата од ЈП „Водовод и канализација“ – Куманово, во која се наведува дека во текот на изминатото деноноќие интервенирале поради дефекти на водоводната мрежа на улиците. ул. 11 Ноември (од автопат Е-75 до ул. Индустриска) – дефект на водоводна; ул. Лесковачка бр. 46 и околни објекти – сервисирање на водоводен затворач;ул. Ѓ.П. Стари – дефект на водоводна мрежа; ул. 425 нас. Иго Тричковиќ – дефект на водоводна мрежа и на ул. Страшко Симонов вкрстување со бул. 3 МУБ – приклучување на објект на водоводна мрежа.

3.2. Електроснабдување

ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 02.03.2023 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:

– Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. Григор Прличев и конфекција Маестрал (опш Кочани )

– Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел дел од ул. Серава, ул.138, ул. Дримкол, ул.Кумбара, ул.Места (опш Чаир )

– Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од с.Зрновци делот околу основното училиште и патот за с.Мородвис (опш Кочани

– Од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од Дел од ул.Никола Грчето, дел од Ул.Аугуст Цезарес, дел од ул.Методија Митевски и Градинката Снежана (опш Чаир )

– Од 12:30 до 15:30 часот, корисниците од с.Калиште, с.Ѓурѓевиште, с.Ломница (опш.Гостивар)

– Од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од с. Кукуречани со околината (опш Битола )

– Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од С.ТРИ ЧЕШМИ (опш Штип )

– Од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од с. Теферич, околу затворот и кон џамијата (опш.Струга);

– Од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од Пчињски пат – место викано Новине (опш Куманово )

– Од 09:30 до 12:00 часот, корисниците од Кадино дел од ул1, дел од ул.2 и дел од ул.532 (опш.Илинден )

– Од 07:30 до 14:00 часот, корисниците од селата СКОПЈЕ – КАРПОШ: ул.Никола Парапунов – зградите околу Телма телевизија, Тинекс маркет, Шартекс, Француско интернационално училиште EFIS и околните корисници (опш Карпош)

– Од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од Дел ПЕШТАНИ: околу школо и црква во с.Пештани (опш Охрид )

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 03.03.2023 година, без електрична енергија ќе останат:

– Од 08:30 до 13:30 часот, кориснциите од с.Пагаруша. (општина ж

– Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од с. Трново, с. Магарево, Вили Оскар, Живинарска Фарма Дихово , Црвени Петли, Шумски Фенери, Ф-ка Магарево, ТС Копанки, Хотел Молика , Детско Одморалиште Пелистер.(општина Битола)

– Од 09:00 до 12:30 часот, корисниците од салонот на А1 Македонија во Тетово. (општина Тетово)

– Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од с.Три Чешми. (општина Штип)

– Од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од индустриска зона покрај автопат Гостивар – Тетово, корисниците после наплатана рампа Гостивар Тетово – покрај Автопат.(општина Гостивар)

– Од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул.Васил Драгомански, ул.Тоде Думба, ул.Биљановска дел под градски гробишта, ул.Стојан Арсов. (општина Куманово)

– Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од Опсерваторија, МКЦ Затчев рид, Кадис и дел од корисниците во с.Злокуќани. (општина Карпош)

– Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Марксова. (општина Прилеп)

– Од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од мв Шеовец, дел од ул.Христо Татарчев (пат од Сопиште кон населба Теферич). (општина Сопиште-Скопје)

– Од 09:30 до 14:00 часот, корисниците од с.Горно Оризари во делот кај школото. (општина Велес)

– Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата: Јажинце, Старо Село индустриски објект Сурин во с.Старо Село, Рогачево, Јажинце и објекти кои се пред и после селото. (општина Тетово)

– Од 09:30 до 14:30 часот, корисниците од с.Орашје. (општина Тетово)

– Од 07:30 до 14:30 часот, кориснциите од ул.Бајрам Шабани. (општина Куманово)

– Од 09:30 до 11:30 часот, корисниците од Црвулево, Ливница Идеал, Зоко Харт, Нимекс, Еко Оаза Самандов, Беник Бензинска Пумпа, Руљак, Припечани, Калаузлија, Јонузлија, Ебиплија, Парналија, Кучица, Вили Плачковица, Втешка и Детско Одморалиште. (општина Штип)

3.3. Производство на електрична енергија

РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од РЕК Битола во која се наведува дека додека ТЕ – 2 е во застој, додека ТЕ – 1 работела со снага од 90 MW и ТЕ – 3 работела со снага од 160 MW.

РЦУК – Охрид, известува дека ХЕЦ Глобочица има произведено 591.000 квч електрична енергија, а исто така и електраната РЕК Осломеј работи.

РЦУК – Тетово, ја пренесува информацијата од ЕЛЕМ ХЕЦ „Маврово“ во која се наведува дека ХЕЦ „Вруток“ произвела 1.799.500 КWh електрична енергија, ХЕЦ „Равен“ произвела 218.762 КWh и ХЕЦ „Врбен“ произвела 141.718 КWh.

РЦУК – Велес, ја пренесува информацијата од ТЕЦ Неготино во која се наведува дека на ден 27/28.02.2023 година имаат произведено 3412,38 мегават часови електрична енергија.

3.4. Нарушување на сообраќајот

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 02.03.2023 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од ЈСП Скопје во која се наведува дека поради градежни работи на пат, автобусите на линиите 3б, 4а, 5 и 24 во еден дел имаат изменета траса на движење, додека автобусите на линиите 9 и 35 имаат скратување на дел од своите постоечки траси.

РЦУК – Куманово, ја пренесува информацијата од ЕЛС Старо Нагоричане, во која се наведува дека патот за с.Мгленце сеуште не е расчистен, поради немање на договор на ЕЛС со надворешна фирма за чистење на снег.

Во општина Крива Паланка, локалниот пат с.Дурачка река – с.Дренак е непрооден.

4. ОСТАНАТИ ИЗВЕСТУВАЊА

4.1. Управа за хидрометеоролошки работи – временска прогноза

УХМР известува дека денес времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Продолжува периодот на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат без поголеми промени.

4.2. Институт за трансфузиона медицина

РЦУК – Скопје, ја пренесува информација од Институтот за трансфузиона медицина во која се наведува дека на ден 02.03.2023 година (четврток ) планирани се неколку крводарителни акции и тоа: со вработените Совет на Општина Гази Баба, со вработените во ПС Куманово, со граѓаните на Делчево во просториите на Црвениот Крст и со граѓаните на Барово и вработените во ПС Берово.

Треба да знаете
Последни објави