Дебакл на Марсеј во Купот: Го елиминираа ПСЖ, а испаднаа од второлигаш!

Просечната екипа од втората француска лига, Анеси, го приреди најголемиот шок во купот елиминирајќи го Олимпик Марсеј, и тоа на „Велодром“.

Во осминафиналето, Марсеј го победи ПСЖ, тоа значеше отворен пат до трофејот, но се посрамотија против Анеси, со кого одиграа само 2-2 во регуларниот дел, па загубија на пенали.

Во регуларниот дел од мечот, Марсеј со гол длабоко во судиското продолжение се спаси од пораз, но на пенали загубија по осум серии. Тренерот Игор Тудор не мисли дека неговите играчи го потцениле противникот, но истакна дека Анеси играл изненадувачки добро како за тим од втора лига и го искритикува својот тим што дозволил да прими два гола на свој терен против второлигаш.

Треба да знаете
Последни објави