Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Спасовски се неспособни да ја осигураат јавната безбедност, не можат да се справат со дојавите за бомби, не постои друг пример за таква неспособност

Ковачевски и Спасовски се неспособни да ја осигураат јавната безбедност. Со месеци МВР и институциите од полето на безбедноста не можат да се справат со лажните дојави за бомби, илјадници ученици секој ден губат часови заради аматеризмот на Спасовски и Ковачевски.

Не постои друг пример на држава каде власта е толку неспособна да се справи со хибридни закани од типот на лажните дојави за бомби, па народот да мора секој ден да ја осеќа таа неспособност на сопствена кожа.

Спасовски и Ковачевски не можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните. Со СДС на власт народот не е безбеден.

Со СДС нормален тек на настаните во еден ден станаа дојавите за бомби, испразнети јавни објекти и училишта.

Кој е планот на Спасовски и Ковачевски и како ќе ги заштитат граѓаните од малтретирањето кое секој ден им го приредуваат. Не е доволно да глумат аналитичари на состојбите, потребни се брзи решенија, со кои ќе го осигураат јавниот ред и мир.

Треба да знаете
Последни објави