Селекторот на машката ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров објави скратениот список со 22. кандидати на кои ќе смета за квалификацискиот двомеч за ЕП-2024, со Португалија. Меѓу избраниците на Лазаров се најдоа двајца повратници од редовите на Еурофарм Пелистер, Мартин Велковски и Марио Танковски.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Португалија се игра на 9 март во Скопје од 19 часот, а реваншот е на 12 март во Порто од 18.30 часот.