Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски рони солзи и се прикажува како жртва, а на сопругата и препушта бизниси – ЖАЛНО

Димитар Ковачевски колку повеќе станува нервозен толку повеќе тоне во своите лаги и манипулации. Жално е што за таа цел го злоупотребува своето семејство, сакајќи на тој начин да се виктимизира, да одвлече внимание од скандалите и да се одбрани од критиките.

Токму така, Ковачевски е тој кој што го злоупотребува своето семејство во дневно партиски цели и за ситни политички поени, што е крајно кукавички и неодговорно. Кога сопругата ја вмешува во енергетскиот бизнис и и ги препушта бизнисите, а после тоа рони солзи е крајно лицемерно. Кога ги користи децата за одбрана на катастрофалните меѓународни политики, а после се жали на реакциите на јавноста, е крајно ниско. На крајот на краиштата логично е медиумите и јавноста да коментираат и да истражуваат како сопругата на Ковачевски влегува во енергетска инвестиција тешка 1,4 милиони евра, во време кога тој ја креира и спроведува енергетската стратегија и политика на државата. Ковачевски како сопруг и татко тоа не смее да го прави, а уште помалку тоа подмолно потоа да го користи да се прикажува како жртва.

Тоа е дури и жално.

Политичарите треба стоички да го издржат судот на народот, а терористите се тие кои се кријат зад жив ѕид од луѓе. Не би сакале да веруваме дека Ковачевски е спремен да користи такви „методи” во политичката борба.

Одговорноста е клучна во политиката, како и во животот. Ковачевски бега од одговорноста исто како што бега и од соочувањето со народот.

Треба да знаете
Последни објави