Ниту онлајн наставата не е решение за проблемот со „бомбите“

Наместо решавање на проблемот, хаосот во наставата предизвикан од дојавите за бомби се продлабочува. Денеска рекордни 81 основни и средни училишта во главниот град добија мејлови за поставени екплозивни направи, а заканите не се престанати од октомври минатата година.
Согласно препорките од Министерството за образование, наставата продолжи онлајн.
Но поради проблеми со платформата за онлајн настава дел од учениците во основните училишта денес не успеаја да се вклучат и да ги одржат часовите.

Дојавите за бомби ги принудија наставниците и учениците да се префрлат на „Тимс“ ама ни таму немаше настава, па наставниците се снаоѓаа преку Вибер. Учениците не можеа да пристапат до своите кориснички смеки, а некои од нив добија пораки дека имаат невалидни лозинки.
Некои ученици постојано ги отфрлал системот иако се најавувале со точни кориснички сметки, а некои успеале да влезат на „Тимс“.

Од МОН велат дека добиле известувања од неколку училишта дека имало прекин во функционирањето на платформата, но додаваат дека Тимсот функционира

-„Тимс апликацијата функционира и секој ученик со своето корисничко име и лозинка може да пристапи и да го користи профилот за вклучување во онлајн настава доколку во училиштето каде учи имало заканувачки дојави и од страна на наставниците е дадена таква насока. Добивме известувања од неколку училишта дека утрово имало прекин во функционирањето, односно користењето на Тимс, но по кратко време учениците се приклучиле со своите кориснички сметки“, велат од МОН.

Сепак, сеништето на принудно враќање на онлајн наставата е само дел од проблемот што го наметнуваат лажните бомби. Ограничувањата и притисоците на онлајн наставата се дополнителни предизвици што се наметнуваат на наставниците, учениците и родителите по избувнувањето на закани со бомби кои рутински ги праќаат децата и воспитувачите да ја напуштат училишната зграда за да се изврши проверка, обично пишувајќи ја загубата на уште еден училишен ден.

Дојавите за бомби во училиштата имаат особено силен удар врз распоредот и психата на вработените родители, фрустрираните воспитувачи и младата генерација Македонци кои веќе се загрозени од заклучувањата за време на глобалната пандемија.

-Колку може или колку реално научил ученик во трета година во средно училиште, ако две години поради Ковид учеа онлајн, а сега поради бомбите повторно наместо во училиште, наставата треба да се одвива преку компјутерски екран, прашува мајка на средношколец.

Сојузот на средношколци неодамна процени дека во првата половина од тековната академска година биле изгубени околу 10 недели од часовите поради ваквите измами. Во некои од училиштата кои најчесто се цел на заканите, прекини во наставата има три пати неделно.
Ниту еден експлозив не е пронајден во врска со која било од евакуациитво Северна Македонија, како резултат на повеќе од 500 дојави.

Властите веќе најавија продолжување на учебната година до средината на јуни за да се компензира за продолжениот зимски распуст со цел да се заштедат трошоците за греење поттикнати од глобалната енергетска криза предизвикана од војната во Украина.

Оваа недела, Министерството за образование ги советуваше директорите на основните и средните училишта да организираат онлајн настава. Наставата преку Интернет е подобра отколку воопшто да нема настава и помага да се заштитат наставниците и учениците, образложи Министерството.

Рдоителите на помладите ученици и психолозите се загрижени за психолошките ефекти од постојаните потсетувања за можна опасност кои им предизвикуваат стрес, што значи дека треба да се работи дополнително со учениците после вакви настани, така што тоа нема трајни последици врз менталното здравје на децата.

Треба да знаете
Последни објави