Search

(Видео) Белоруската армија објави видео од рускиот АВАКС кој наводно бил уништен во нападот со дрон

Министерството за одбрана на Белорусија објави видео од рускиот радарски авион А-50 на аеродромот Мачуличши кај Минск, кој како што се гледа на снимката не е оштетен.

Претходно медиумите објавија дека белорускиот аеродром бил цел на напад со дрон, изведен од белоруски опозиционери, поранешни припадници на белоруските безбедносни сили, а кои по нападот ја напуштиле земјата. Наводно, во таа прилика А-50 бил сериозно оштетен.

Сепак, оваа вест веќе беше демантирана од Министерството за одбрана на Белорусија, а денеска објави и докази – видео од аеродромот.

Треба да знаете
Последни објави