Приведен дилер, претрес во Скопје, пронајдена дрога

 Синоќа во 22.40 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(27) од Скопје. Од МВР денеска информираа дека при претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави