Search

Финска почна да гради ограда на границата со Русија

Финска почна со подигнување на нова ограда долга 200 километри на дел од границата со Русија, а на овој чекор се реши по инвазијата на Украина, соопшти граничната служба.

Планирана е изградба на дополнителни 70 километри меѓу 2023 и 2025 година, главно во југоисточниот дел на нордиската земја. Финска има 1340 километри долга граница со Русија.

Се проценува дека за ограда од 200 километри, потребни ќе им бидат 380 милиони евра.

На некои места ќе биде поставена бодликава жица, а на чувствителни локации и камери за ноќно снимање, светилки и звучници.

Работата треба да биде завршена во 2026 година.

Естонија, Латвија и Полска, исто така, ја зголемија или ќе ја зголемат безбедноста на нивната граница со Русија.

Треба да знаете
Последни објави