Search

Салах нема намера да го напушти Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, нема намера да ги напушти редовите на англискиот прволигаш, најави менаџерот на египетскиот репрезентативец, Рами Абас.

Неговата реакција, која денеска ја пренесуваат британските медиуми, доаѓа откако дел од медиумите во Шпанија објавија минатата недела дека Салах со сигурност ќе бара нов клуб доколку Ливерпул на крајот на сезоната не избори пласман во Лигата на шампиони.

„Тоа не е точно. За тоа никогаш не се дискутирало. Тоа дека нема да се квалификуваме во Лигата на шампиони воопшто не ни паднало на ум“, напиша Абас на социјалните мрежи.

Салах е член на Ливерпул од 2017 година, а има договор со премиерлигашот до 30 јуни 2025 година. 

Треба да знаете
Последни објави