Search

Прва победа на Кремонезе во Серија А по 27 години и тоа против Рома

По речиси 27 години, Кремонезе конечно победи во Серија А!

Во Топ 5 лигите во Европа веќе нема екипи кои се без победа сезонава, конечно и Кремонезе по 23 меча без триумф, во 24-тиот успеа да победи во Серија А, и тоа со 2-1 против Рома, тим кој се бори за место во Лигата на шампионите.

Кремонезе испадна од елитата во сезоната 1995/1996, а последната победа ја забележа на 31 март 1996 година во Падова (2:1). Со истиот резултат вечерва ја совлада Рома

Сензацијата во Кремона ја донесе Чофани од пенал во 82-рата минута. За Кремонезе ова е прв триумф во Серија А по пауза од 27 години. По оваа победа, Кремонезе се искачи на претпоследното место на табелата, сега „фенерот“ е кај Сампдорија.

Домашните водеа на полувреме со 1-0, на стартот на вториот дел Жозе Мурињо поради кавга и навреди кон судијата, доби црвен картон, што е трето исклучување за Португалецот сезонава. Тоа малку ја размрда Волчицата, која изедначи, но не само што не направија пресврт, туку примија уште еден гол и ќе мора да се носат со срамот дека засега се единствен тим кој загубил од Кремонезе.

Треба да знаете
Последни објави