Ковачевски со прст кон Мицкоски: Мојата сопруга е под напад, а за ќерка ми се правеа недолични видеа на „Тик-ток“

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека неговата сопруга Елена, е мета на директни напади, а по наредба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, нападите доаѓаат од пратениците на опозициската партија, а искажани од собраниската говорница.

„Јас и моето семејство, сме под директен напад, посебно мојата сопруга, и под директна наредба од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. До таква атмосфера дојде, бидејќи немајќи никакви аргументи од страна на ВМРО-ДПМНЕ за реконструкцијата на Владата и со оглед дека нивниот претседател кажуваше дека имал 61 пратеник за да ја турне Владата, по негова наредба, дискусиите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беа насочени директно против мојата сопруга. Иако тој знае за одредени здравствени предизвици ги имаше и ги има“, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека нема да бара извинување од Мицкоски.

„Директно под негова наредба, за мојата малолетна ќерка, во текот на јули минатата година, кога се носеше францускиот предлог, се правеа недолични видеа на апликацијата Тик-ток. И јас за ова, од таков нечовек не барам извинување“, додаде Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави