Search

Кузеска: Сите лаги на Мицкоски низ годините за предвремени парламентарни избори

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Две и пол години Христијан Мицкоски зборува единствено за ново парламентарно мнозинство и предвремени избори.

Ништо друго. Нема идеја, став, предлог, решение.

Во целосно заложништво на Димитар Апасиев и Левица.

Денеска директно со изјави на Мицкоски ќе покажаме како 2 години ги лажеше граѓаните, членовите на својата партија, јавноста.

Уште во 2021 година, Мицкоски најавуваше предвремени избори, да чуеме:

Барањето за предвремени парламентарни избори беше единствениот начин на дејствување на Христијан Мицкоски.

Дури и Собранието беше блокирано среде криза само за да направи некаква штета, да се предизвика некаква криза и да се издејствуваат избори.

Поминаа повеќе од две години, сè што Мицкоски кажа на крајот излезе обратно, тоа го прави феномен на политичката сцена.

Но тука не завршува неговата конфузија. Откако две и пол години ја тормозеше јавност со барање за предвремени избори, сега откако сите негови лаги потонаа, Мицкоски вели дека никогаш не кажал дека ќе има предвремени парламентарни избори:

Ова, почитувани е типично однесување за ликови како Мицкоски кои своето политичко дејствување го темелат на лаги, на шпекулации и на манипулации кон граѓаните.

Мицкоски постојано покажува дека е слаб, без став и политички компас, нему му е битно само да се докаже пред Димитар Апасиев и Левица, чиј што заложник е.

Почитувани граѓани,

Ова Христијан Мицкоски, човек на кого не може да му се верува.

Треба да знаете
Последни објави