212 санкционирани возачи во Скопје: 107 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 212 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 107 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила,… 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Треба да знаете
Последни објави