Search

Саливан: Ако Кина почне да обезбедува вооружена помош за Русија, тоа скапо ќе ја чини

Кина не се премисли да обезбеди вооружена помош за Русија во нејзиниот напад врз Украина, а САД јасно ставија до знаење зад затворени врати дека, доколку тоа се случи, таквиот потег ќе има сериозни последици, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

„Пекинг ќе мора сам да донесе одлуки за тоа како да продолжи, дали ќе обезбеди воена помош, но ако се оди на тој начин, тоа многу ќе ја чини Кина“, рече Саливан во интервју за Си-Ен-Ен.

Кина се уште не почнала да ја дава таа помош, но Пекинг не ја симна таа опција од масата, додаде Саливан,пренесе Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави